Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев

t

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа пешачката и велопатека по должината на булеварот Гоце Делчев, на потегот од Стоковната куќа „Мост“ до триаголникот кај мостот „Гоце Делчев“, од страната на катната гаража.

Пешачката и велопатека се реконструираше по налог на Град Скопје и е асфалтирана на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, во која што површина се вклучени и два пешачки острови.

Во текот на градежните работи на овој потег беа отстранети оштетените бекатон плочки и раскршениот асфалт, беше поставен тампонски слој и рабници, беше реконструирана и нивелирана една шахта и беше нанесена нова асфалтна маса.

Во наредниот период ќе се работи на обнова на пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Гоце Делчев и од страната на Кале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патници доживеале хорор на пат од Скопје…

„Не заспивајте, да не треба да кршиме“,…

МВР го најде осомничениот за кражбата на…

По преземени мерки и активности, вчера во…

УЈП во октомври потрошила 28 проценти помалку…

Управата за јавни приходи (УЈП) во октомври,…

На Британците им се смачи: Да се…

На Албанците треба да им се забрани…

Американската амбасада во Тирана со предупредување до…

Американската амбасада во Тирана упати предупредување до…