Рекорден број санкции за сообраќајни прекршоци во изминатото деноноќие

t

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските олигарси вратија 50 милијарди долари назад…

Руските тајкуни повлекле имот од Европа во…

САД со најнова рунда санкции кон Иран

Повеќе од 20 лица и институции од…

Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…

МВР извести дека вчера во 15.50 часот…

Компании од Италија: Сакаме да се вратиме…

Извозот во санкционираната Русија падна за 35%…

САД воведе санкции за руската втомобилска индустрија

Официјален Вашингтон ги прошири санкциите поврзани со…