Рекордна инфлација: Лебот поскап за над 20%, маслото речиси 40 отсто, а цената на млекото повисока за 15% – се запалија црвените светла!

t

Лебот поскап за над 20%, маслото речиси 40 отсто, а цената на млекото повисока за 15%.

Статистика измери нов рекорд, инфлацијата во мај достигнала стапка од 12% во споредба со истиот период лани.

Најголем раст има е забележан кај храната, транспортот и енергенсите.

Од бизнис секторот се сериозно загрижени за целата состојба и се што се случува со цените на суровините. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели компаниите веќе не можат да го поднесат товарот и од високите сметки за струјата, па на голем број фирми им се заканува затворање. Бара Владата итно да носи мерки да го помогне стопанството.

„Чуствуваме дека Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите. Мислиме дека тој пат не е добар, да не речам погрешен. Но мислам дека корекцијата треба да продолжи. Ние мораме економската активност да не ја запреме потрошувачката, да ја задржиме економската активност, бидејќи со тоа со затворање фирми и отпуштање работници ќе направиме поголем гаф во ваква неизвесност и може да е катастрофално.“ изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора

Азески повика сериозно штедење не само на електрична енергија, туку и на сите други работи.

„Сега каде и во која канцеларија да влеземе секаде има радијатор, пред него фен болјер, а за секој случај и греалка. Јас греалките би ги укинал со акт, бидејќи создаваат најголем проблем во потрошувачката на државата. Треба да изградиме култ кон штедењето, и ние и државните институции и фирмите за да може да ги премостиме тие периоди.“ истакна Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.

Откако Владата не ги продолжи мерките, од 1ви јуни цените на основните прехранбени продукти драстично пораснаа. Властите им се налутија на трговците и кажаа дека јавно ќе ги објават фирмите кои според нив вештачки ги зголемуваат цените на производите и до 70%.

А, најавија и дека до крајот на неделава ќе се знае дали државата ќе интервенира со мерки кај цените.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…

Српски виролози: Европрајд е потенцијална епидемиолошка бомба…

Предупредување од српски виролози: Европрајд е потенцијална…

Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…

Шест македонски возила изгребени со остар предмет…

Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата…

Украинскиот парламент, Врховниот труд, денеска ги поддржа…

Курти: Србија е кошмар, продолжува со старите…

Косовскиот премиер, Албин Курти ја повика Србија…