Ременски ослободена од обвинение за „Меѓународен сојуз“: Останатите странки најавија жалби за пресудата

t

Застапникот на обвинението за случајот „Меѓународен сојуз”, јавната обвинителка Ивана Трајчева, ќе поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичниот суд Скопје, по однос на ослободителната одлука за обвинетата Фросина Ременски. Давајќи образложение за најавената жалба обвинителката Трајчева, истакна дека за неа како обвинител којшто го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е нејасно како судот не утврдил кои се дејствијата на влијание од страна на Ременски.

– Самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која што ја извршувала во тој момент довела до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти коишто судот и самиот ги прифатил, неспорно денеска тоа беше кажано, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое што и се става на товар. Но, ние како странка во постапка имаме право на жалба и сметам дека тоа право секако ќе биде искористено, рече обвинителката Трајчева.


Воедно, што се однесува на осудителниот дел таа посочи дека се потврдила тезата на Обвинителството дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар со предметниот обвинителен акт.

– Во однос на казните морам да кажам дека ќе мораме да ја почекаме писмената пресудата за да слушнеме точно кои околности како олеснувачки и отежнувачки биле ценети од страна на судот при одлучување и одредување на видот и висината на изречените казни бидејќи, како слушнав и денеска, самите тие околности не ги слушнавте. Оттука не можам да ви кажам дали би имало жалба во овој дел по однос на веќе изречените казни, рече Трајчева.

Правниот застапник на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, после изречената пресуда за „Меѓународен сојуз”, изјави дека оваа судска пресуда не се заснова ни еден милиметар на докази коишто беа изведени во текот на постапката, туку е несреќен компромис помеѓу политика, а особено на личен анимузитет на судечкиот судија према моите клиенти, особено кон обвинетиот Бојан Јовановски.

– Не влегувам воопшто во драконската казна дали е мала или голема, затоа што сметам дека во овој конкретен случај нема никакво кривично дело извршено од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, изјави Дуковски и најави дека за ова пресуда ќе биде поднесена жалба.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, по објавување на одлуката дека е ослободена од вина кратко наведе дека е задоволна од денешнава одлука и побара разбирање по добивањето на пресудата да даде образложение за денешниов настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Копаат ровови за гробници, полицијата секој ден…

Масовните гробници кои во последните неколку дена…

БОМБА од Украина: Порошенко се обидел да…

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко се…

Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

САД не престанува: Нови санкции за две…

САД денеска воведоа санкции за две руски…