Објавено на:

Рејтингот на Бајден во слободен пад

t

Рејтингот за поддршка на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордни 39%, според податоците објавени во петокот од центарот за социолошки истражувања на агенцијата Асошиетед прес.


Во мај, според агенцијата, нивото на поддршка за Бајден стана најниско за цело време додека тој беше на функцијата. Само 39% од возрасната популација на Америка сега зборува позитивно за работата на претседателот.


Врз основа на добиените податоци, авторите на студијата заклучиле дека денес само двајца од 10 возрасни Американци веруваат дека земјата се движи во вистинската насока или веруваат дека економијата на земјата е во ред. За споредба, еден месец претходно така мислеле тројца од десет луѓе.


Најголем пад на довербата во претседателот, според резултатите од истражувањето, има кај приврзаниците на Демократската партија. Ако во април 49% од анкетираните демократи веруваа дека земјата е на вистинскиот пат, тогаш во мај оваа бројка падна на 33%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прваче или претседател: Бајден се потруди…

Американскиот претседател, Џо Бајден се врати во…

Бајден вели: Санкциите против Русија влијаат и…

Соединетите држави и Европа знаеле дека воведувањето…

Да не го турна Путин: На социјалните…

Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед…

(Видео) Изгледа му требаат помошни тркала: Бајден…

Претседателот на САД, Џо Бајден во текот…

Бајден бара решение: Како до олеснување на…

Американскиот претседател, Џо Бајден денес изјави дека…