Реџепи ја повтори изјавата – 100-те дена на Таче не донесоа никаква промена: Ако не ги исполниме програмските цели треба да ја напуштиме Владата

t

Пратеникот од редовите на партијата Алтернатива, Скендер Реџепи не се согласува со начинот на делување на неговата партија како дел од владината коалиција. Тој во изјава за „Слободен печат“ вели дека Алтернатива никогаш не била поголем политички фактор како што е сега.

– Владата зависи од пратениците на Алтернатива. Алтернатива ги има сите можности да ја реализира својата политичка програма без да дава отчет пред никого. Доколку Алтернатива не успее да ги спроведе програмските точки договорени со мнозиството, треба да ја напушти Владата. Алтернатива стана дел од владата поради договорената програмска платформа, а не поради политичките функции што ги презеде. Но, за жал, 100-те дена не донесоа никаква промена, досега ниту една од договорените точки не се реализирани, изјави Реџепи за „Слободен печат“.

За жал, додава Реџепи, отстапувањето на Алтернатива од политичките стремежи, и договорената програма има последици, а последиците можат да бидат ненадоместливи.

– Тоа е резултат на немањето политички капацитет и сета одговорност паѓа на тесното партиско раководство, поконкретно врз претседателот на партијата, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Февруари ни носи снег: Еве каква недела…

Времето утре ќе биде променливо облачно, локално…

Во Србија објавен Речник на македонски глаголи

По повод 75-годишнината од универзитетската настава по…

Стоилов: Мора да покажеме карактер и да…

Ракометарите на македонскиот првак Вардар в среда…

Шоле и Ескобар: Време е да се…

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe,…

Во Србија објавен Речник на македонски глаголи

 По повод 75-годишнината од универзитетската настава по…