Објавено на:

Рига: Руската амбасада барајте ја на улицата „Украинска независност“

t

Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина.

Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност“ со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ“, објави вчера градската управа на Твитер.


Одлуката на градската управа на Рига уследи по сличниот потег на литванскиот главен град Вилнус, каде ден претходно пристапниот пат до руската амбасада го нарече „Улица на украинските херои“.

Во двата балтички главни града, исто така, во тек се и протести и собири во близина на руските амбасади, откако Русија ја почна инвазијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украинската амбасадорка во земјава: Правиме паралела…

Во организација на украинската амбасада во земјава,…

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа…

Граѓаните на С Македонија од вчера имаат…

Скандал во Австрија: Украинската амбасада регрутирала платеници…

Во Австрија имаше скандал поради повикот за…

Авганистан привремено ја затвара амбасадата во Вашингтон…

Амбасадата на Авганистан во Вашингтон ќе биде…

Рига: Руската амбасада барајте ја на улицата…

Градската управа на Рига одлучи да го…