РКЕ одлучи: Нови цени на горивата од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,207%, кај дизелот намалување за 1,780%, кај екстра лесното масло намалување за 0,901% и кај мазутот зголемување е за 1,027%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 28.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…

Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…

Ново поскапување? РКЕ ќе одлучува за цената…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

РКЕ утре ќе одлучува за нови цени…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…

Добра вест: Поевтинува дизелот, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…