Објавено на:

Рогозин најавува: Од есеноска „Сатаната“ ќе патролира во Русија

t

Првите сериски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“ ќе бидат ставени на борбена задача на крајот на есента оваа година, изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

„Сармат“ е едно од шесте нови руски стратешки оружја што Путин ги откри на своето годишно обраќање уште на 1 март 2018 година. НАТО ја знае и под името SS-X-29 или SS-X-30. Не се знае точниот број на ракети „Авангард“ кои таа може да ги носи, но познато е дека може да ја менува својата траекторија односно „да лизга“.

Што значи тоа? Таа нема обична траекторија како парабола туку како некаква синусоида, се приспособува за да постигне поголема брзина и аеродинамичност. По потреба ракетата ќе се спушти, па пак ќе се крене.

Самата ракета тежи 208 тони, а патува со брзина од 25.560 километри на час. Долга е 35,5 метри со дијаметар од 3 метри.

Пред да ја погоди целта „Сармат“ може да се спушти на висина и до 150 километри за да биде невидлив за радарите, а потоа, може да орбитира околу целта, користејќи спротивен погон пред да удри. Тоа се вика фракционо орбитално бомбардирање, на скратено ФОБС.

„Сармат“ исто така има кратка фаза на засилување на моторите, што го скратува интервалот кога може да се следи од сателити со инфрацрвени сензори, како што е американскиот вселенски инфрацрвен систем. Ова го отежнува пресретнувањето. На пример, се шпекулира дека „Сармат“ би можел да лета на траекторија над Јужниот пол, целосно имун на кој било сегашен систем за ракетна одбрана.

Според некои извори, местата за лансирање на „Сармат“ ракетите се опремени со систем за активна заштита „Мозир“. Тоа е во случај ако друга земја прва реши да истрела нуклеарна ракета кон Русија. „Мозир“ системот е дизајниран да исфрли облак од метални стрели или топки, кинетички уништувајќи ги дојдовните бомби, крстаречки ракети или боеви глави на надморска височина до 6 километри.

Кои биле Сарматите?

Сарматите, по кои е крстена ракетата, биле антички народ кој живеел во Иран негде од петтиот век пред нашата ера, до четвртиот по Христа, а биле населени меѓу Дунав, Волга, Црното и Каспиското Море. Подоцна тие станале дел од Скитите и Прасловените. Стручно земено, таа е супертешка интерконтинентална балистичка ракита (ИЦБМ), опремена со течно гориво. Нејзиниот претходник е „Сатан СС-18“. Ја дизајнирале во бирото „Макеев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрена за употреба првата бивалентна вакцина против…

Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против…

Меѓународната на нозе: Британец, Швеѓанец и Хрват…

Уште пет странски платеници кои се бореле…

Како да е проколнат: Се запали автобус…

Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради…

Донацијата за Украина нема да влијае на…

Три одлуки за донирање на воена помош…

Македонија не е меѓу нив – Путин:…

Русија високо ги цени своите сојузници и…