Родителите контра министерот Шаќири: Училниците денес останаа празни, никој не ги носи децата во училиште

t

За жал, ниту едно дете не дојде на настава. Сите наставници штрајкуваат, што значи дека се наоѓаме во генерален штрајк, рече Наталија Делева, директорка на ОУ „Невена Георгиева Дуња“.

Родителите ниту денеска не ги однесоа децата во училиште, и покрај повикот на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, тоа да го сторат. Шаќири и на директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, им порача да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование.

Сепак, како и претходните денови, училиштата останаа празни, дознавме од неколку  наставнички и директорки на училишта.

Во градинките згрижуваа деца

– За жал, ниту едно дете не дојде на настава. Сите наставници штрајкуваат, што значи дека се наоѓаме во генерален штрајк – рече Наталија Делева, директорка на ОУ „Невена Георгиева Дуња“.

За разлика од нив, вработените во градинките го прекинаа штрајкот и повторно згрижуваат деца.

Вчеравечер, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) не го прифати понуденото зголемување на платите за 12 отсто.

Министерот Шаќири се огласи по оваа одлука и рече дека директорите имаат надлежности и одговараат за непостапување.

– Ги повикуваме и родителите и старателите на учениците од утре да продолжат да ги носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите. Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања – рече министерот.

Шаќири во интервју за Макфакс денеска најави дека се разгледува и можноста за продолжување на наставата по 10 јуни со цел да се надомести изгубеното.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училиштата ќе им помагаат на учениците при…

Како и со секоја промена што доаѓаат…

Костадинов: Разрешен директорот на училиштетво во кое…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, го разреши директорот…

Протест на родителите на деца со попреченост:…

Секој ден плачам. Еве и сега плачам.…

Уставниот суд на Италија пресече: На децата…

На италијанските деца треба да им се…

(Фото) Директорка на познато скопско училиште вршела…

Во средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ се…