Родителите на учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ со барање: Да се заврши учебната година, се по 3 мај е вештачка нормалност

Како стои во соопштението, повеќе од 150 родители на ученици од белградското училиште „Владислав Риникар“ бараат учебната година да биде завршена заклучно со 3 мај, како ден кога трагичниот настан насилно го прекина нормалното настава.
„Се што се случи во училиштето после тој датум е само обид насилно да се врати „нормалната“ состојба во училиштето.Кризниот план кој раководството на училиштето се обидува да го спроведе по секоја цена, има единствена цел да ги прикрие последиците на трагичниот настан“, велат родителите на учениците на ова училиште.
Родителите сметаат дека планот за продолжување на школувањето, кој се спроведува од 10 мај, е штетен за развојот на голем број ученици (ако не и сите), а единствено решение е итен прекин на наставата и завршување на работната учебна година.
Родителите велат дека за ваквиот став добиле поддршка од еминентни стручњаци од областа на невропсихијатријата и психотерапијата.
“Учебната година заврши на трагичен начин на 3 мај. Секој ден потоа не е продолжение на учебната година, туку вештачко преправање дека ништо не се случило. И тоа се случи. Нашите деца ги убиваа на училиште”, заклучуваат родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кацарска: Ништо не се губи ако се…
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, вечерва…
Кацарска објасни: Кривичниот законик не важи за…
Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд гостуваше…
(Видео) “Апасиев е будала, не може да…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вечерва открива…
(Видео) Како не им е срам?! Наместо…
Наместо да излезе на протест за Онкологија,…
Шоле ќе ги смирува Вучиќ и Курти:…
Специјалниот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле,…