Објавено на:

Роналдо удри аутистично момче по раката, па му го скршил телефонот – сепак, имало и поголеми последици кои ги објави мајката (ВИДЕО)

t

Голем скандал се случи по новиот неуспех на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Евертон со 1:0, а првата ѕвезда на тимот од „Олд Трафорд“, Португалецот Кристијано Роналдо ја изрази својата фрустрација поради поразот на аутистично момче.


На пат кон соблекувалната Роналдо направи испад кој ги згрози фудбалските фанови ширум светот.

Португалецот силно удрил едно момче по раката во тунелот што води кон соблекувалната, му го скршил мобилниот телефон и му оставил голема модринка.


За да биде приказната уште потажна, момчето Џејкоб е аутистично и фудбалскиот натпревар на популарниот Гудисон беше првата во неговиот живот што ја гледаше во живо од трибините.

„На крајот од натпреварот играчите на Манчестер Јунајтед отидоа во соблекувалните. Имавме карти за седишта веднаш до тунелот, па син ми реши да ги снима играчите. Ги сними сите, а потоа дојде Роналдо кој ги спушти чорапите и покажа крвава нога, па Џејкоб го спушти мобилниот телефон за да го сними. Тој не кажа ниту збор, а Роналдо му пријде и му го удри телефонот од рака“, открила мајката на момчето.

Кристијано силно го удри момчето по раката.


„Можете да видите од модрината на неговата рака дека имало контакт. Не можам да верувам дека зборувам за ова. Плачев, бев шокирана, Џејкоб беше шокиран, тој е аутист. Тој е потресен и не сака да оди повеќе на фудбач. Таа беше првата утакмица во неговиот живот и еве што се случи“, додала мајката.

Кога сфатил што направил, Роналдо му се извини на момчето и го покани на „Олд Трафорд“.

„Не е лесно да се справиме со емоциите во тешките моменти, како и со оние со кои се соочуваме. Сепак, мора да имаме почит и трпение и да бидеме пример за младите луѓе кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за мојата избрзана реакција и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да дојде на натпреварот на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух “, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Партијата на Каракачанов протестира против кревање…

Во Кресна најавен е широк национален протест…

Руската армија уништи голема залиха на американско…

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека…

Oрбан: Санкциите кон Русија се еднакви на…

Целиот свет го чека многу тешка зима,…

Појава на мајмунска сипаница во Европа: Открина…

Иако има мали шанси дека мајмунските сипаници…