РПЦ: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и СПЦ

t

Светиот синод на Руската православна црква го поздрави враќањето на Македонската православна црква, во единство со Српската.

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, изрази задоволство за како што рeче, крајот на долгогодишната разделба и враќањето Македонската православна црква во канонско општење со СПЦ, оценувајќи го како значаен историски настан. Автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, беше тема на разговор на синоќешниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква.


„Ќе ве информирам за еден добар и важен историски настан, обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, за која како што знаете беше во долга поделба, која што конечно оздраве. Сите помесни цркви ќе бидат информирани и повикани да го изразат својот став околу тоа.“- Руски Патријарх Кирил.

Додека се очекува следниот чекор до конечен автокефален статус, дел од познавачите на црвковите прашања велат дека најавениот 12 јуни на Духовден, кога во Цариград ќе има заедничката богослужба на македонскиот архиепископ Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј, поголема е веројатноста официјално да биде врачена одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква. Извесно е дека томосот за автокефалност на МПЦ ќе се случи но дилемата е кога, бидејќи праксата покажала дека самиот чин на доделување автокефалност се случува на територијата на Црквата која што ја добива, а во случајот тоа би требало да биде во Македонија.

Инаку Неговата Светост како што рече и дека откако ќе се разработат сите технички и организациски детали, автокефалноста ќе биде свечено прогласена „со соодветен официјален акт“, по што ќе бидат известени сите помесни православни цркви „со предлог да го признаат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Според најавите на македонските црковни лица до крајот на месецов се очекува сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

Верските аналитичари се децидни и како што велат не очекуваат противење на останатите помесни црвки, бидејќи во православниот свет не постои право на вето, а од таму неосновано е БПЦ да има поинаков став од тој на Вселенската патријаршија, по чија што иницијатива заврши шест децениската шизма на МПЦ со православниот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верници од Македонија со цвеќе му го…

Утрово во Фанар, во Соборниот храм на…

РПЦ: Му благодариме на Бога што ја…

Светиот синод на Руската православна црква го…

Украинската проруска црква се одвои и прогласи…

Украинската православна црква Московски Патријархат, ги прекина…

Се празнува Светата маченичка Гликерија

Ќерка на еден гувернер на Рим. По…

Се празнува Свети Епифаниј, епископ Кипарски

Роден како Евреин, но кога ја виде…