Објавено на:

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

– Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

– Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…