,,Ружди и неговите поддржувачи се сами виновни за нападот во Њујорк”

Салман Ружди и неговите поддржувачи се сами виновни за нападот во Њујорк во кој славниот писател беше избоден повеќе пати, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Насер Канани.
„Слободата на говорот не може да биде оправдување за навредите кон религијата што ги има во пишувањата на Ружди. Категорички негираме дека имаме врска со овој напад. Никој нема право да го обвинува Иран“, изјави Канани.
Тој додаде дека Иран нема информации за напаѓачот врз Ружди, освен она што беше објавено во медиумите.
Повикувајќи се на европски и блискоисточни разузнавачки извори, „Вајс њуз“ вчера објави дека пред нападот, Хади Матар наводно бил во контакт со Иранската револуционерна гарда. Истовремено, нема докази дека иранските власти се вмешани во организацијата на нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…