Објавено на:

Русин доби 7 години затвор: Се противел на војната во Украина

t

Суд во Москва денеска за првпат изрече затворска казна поради противење на војната во Украина. Членот на општинскиот совет во Москва, Алексеј Горинов, е осуден на седум години затвор.

Горинов, уапсен во април, беше осуден за „свесно ширење лажни информации“ за руската војска, што носи затворска казна до 15 години.

За противење на војната досега се изречени една парична казна и една условна казна.

На состанокот на општинскиот совет во март, Горинов ги критикуваше акциите на руската армија. Презентирајќи го својот последен говор вчера пред судот, тој одби да ја признае вината и го осуди рускиот напад врз Украина.

Брус Милар, заменик-директорот на Амнести интернешенел за Источна Европа и Централна Азија, пресудата ја оквалификува како – „шокантна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин задоволен: Невработеноста во Русија е на…

Невработеноста во Русија е на рекордно ниско…

Пронајден мртов еден од најозлогласените руски команданти…

Еден од најозлогласените команданти на рускиот претседател…

Да се биде или не: Ако падне…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека…

Украинската вицепремерка: Русите да не посвојуваат деца…

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите…

(Видео) Македонија нема ништо против рускиот народ,…

На прашање на Инфомакс како ја коментира…