Објавено на:

Русите го деминираа Мариупол: Животот се враќа во нормала

t

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека целосно е завршено деминирањето на пристаништето Мариупол на југот на Украина.

Во соопштението се наведува дека биле испитани 134 предмети, а биле пронајдени и неутрализирани повеќе од 12.000 експлозивни предмети и оружје „оставени од украински милитанти“, пренесува РИА Новости.


Агенцијата наведува дека во градот се воспоставува мирен живот, почнале да работат јавниот превоз и бензинските пумпи, а отворени се четири од петте болници.

На 20 мај Министерството за одбрана објави дека „целосно е ослободена фабриката за челик Азовстал“, која била последната линија на одбрана на украинските сили во Мариупол.

Според податоците на Министерството, на 16 мај се предале повеќе од 2.400 припадници на украинската војска и на Азовскиот полк, а околу еден месец биле блокирани во фабриката Азовстал.

Од друга страна украинските власти тврдат дека работници кои копале во урнатини на станбена зграда во Мариупол пронашле 200 тела. Распаднатите тела биле пронајдени во подрум на урната станбена зграда во Мариупол, разурнат пристаништен град кој стана симбол на страдањето, но и на отпорот, соопштија градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија откри каде ги “смести” заробените Азовци…

Главните бранители од челичарницата Азовстал кои војуваа…

Хорор во Мариупол: Мртвите тела се носат…

Во урнатините на уништените згради во Мариупол…

(Видео) Ексклузивни снимки: Како се “ловеа” Азовците…

Уникатна борбена снимка од ловот на „Азов“:…

Медицински колапс во Мариупол

Мариупол, разурнат пристаништен град, сега е под…

(Видео) Сите идеали на светот не вредат…

„Моравме мирно да седиме во подрум за…