Објавено на:

Русите масовно купуваат имоти во Турција

t

Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција продадени на Руси, јавува турската телевизија НТВ.

Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Во текот на тој период, имаше сериозен пораст на продажбата на недвижности во Турција на странци воопшто. Регистрираниот раст е 57,4 отсто на годишно ниво, а бројот на продадени имоти е 39 322.

Во периодот јануари-јули најмногу живеалишта се продадени во Истанбул – 16 049, а по неа е Анталија – 11 257. Сепак, Анталија е на врвот на листата за јули, со вкупно 1421 продадени имоти.

Русите најмногу инвестирале во имот во Турција, купувајќи вкупно 6877 домови. По нив следат Иранците кои купиле 5315 домови и Ирачаните – 4405 живеалишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нагло се зголемила продажбата на антидепресиви во…

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се…

Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана…

Руски астронаут првпат по 20 години полета…

Њујорк Тајмс: Американските разузнавачки агенции велат дека…

Американските разузнавачки агенции велат дека членовите на…

Хаос во Турција: Експлозија урна станбена зграда

Во турската покраина Јозгат се урна станбена…

ЕУ: Србија да објасни зошто не воведува…

Неименуван висок претставник на Европска комисија, порача…