Објавено на:

Русија: Во Киев погодивме фабрика за оружје, а не станбена зона

t

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се лажни тврдењата дека погодиле станбена зона во Киев.

– Лажна вест е дека руските сили погодиле цивилни мети во Киев. Ракетите прецизно ги погодија работилниците на фабриката Артиом. Штетите нанесени на соседната станбена зграда се последица од падот на украинските противвоздушни ракети, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Исто така во соопштението се посочува дека фабриката за производство на ракети во Киев била цел на напади и во април.

Украинските власти претходно соопштија дека едно лице загинало, а четворица се повредени и се пренесени во болница по нападите рано утрово врз станбена област во близина на центарот на Киев.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Кличко контра Зеленски? Украина станува авторитарна…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека…

Столтенберг: Треба да се подготвиме за лоши…

Треба да се подготвиме за лоши вести…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Зеленски е задоволен: Се бориме со втората…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија…

Османи: Дискусиите за исклучување на Русија од…

Дискусиите за исклучување на Русија од ОБСЕ…