Објавено на:

Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети во последниве недели

t

Експлозии се слушнале во неколку делови на земјата, вклучувајќи го и јужното пристаниште Одеса, главниот град Киев и централниот град Днипро, а цивилите биле повикани да се евакуираат бидејќи биле издадени предупредувања за воздушни напади. Меѓу целите била и огромната ракетна фабрика „Пивденмаш“ во Днипро, рече премиерот Денис Шмихал.

„Проектили летаат над Киев во моментов. Сега тие го бомбардираат нашето производство на гас, ги бомбардираат нашите компании во Днипро и Пивденмаш“, рече тој, како што јави новинската агенција Интерфакс Украина. Веднаш не било јасно за кои погони за производство на гас се мисли.

Локалните власти соопштија дека две лица загинале во ракетниот напад во текот на ноќта врз југоисточниот регион Запорожје, а тројца се ранети во нападот на североисточниот град Харков и тројца во Одеса.

Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети во последниве недели, изведувајќи некои од најжестоките ракетни напади од инвазијата на Украина на 24 февруари.

Украина соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила многу проектили и беспилотни летала испукани во последните недели. Градските власти на Киев соопштија дека денеска во близина на градот биле уништени две крстосувачки ракети од типот Шахед од иранско производство и четири беспилотни летала.

„Утринава Русија изврши уште еден ракетен напад врз клучната инфраструктура на Украина“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Олег Николенко.

„Рускиот претседател Владимир Путин сака да лиши милиони луѓе од струја и греење, среде многу ниски температури. Испратете на Украина повеќе противвоздушни и ракетни одбранбени системи за да се спречи оваа трагедија. Одложувањата чинат животи“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…