Објавено на:

Русија „засекогаш“ ќе остане во јужна Украина, рече висок руски функционер

t

Висок функционер од рускиот парламент во петокот изјави дека Русија ќе остане во јужна Украина „засекогаш“, зборувајќи при посетата на градот Херсон, кој е под контрола на Москва.

„Русија е тука засекогаш. Не треба да се има сомнеж во ова. Нема да има враќање во минатото“, рече Андреј Турчак, според соопштението на владејачката партија Единствена Русија, пренесе Москва тајмс.

„Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде“, додаде Турчак.

Турчак најави и отворање центар за хуманитарна помош во Херсон, за испорака на храна, лекови и неопходни работи.

Ова е првпат висок руски функционер да ги посочи намерите на Москва да остане присутна на украинска територија.

Херсон беше првиот голем град што падна во рацете на руските сили по почетокот на нивната воена операција во Украина на 24 февруари.

Минатиот месец руската армија соопшти дека ја презела контролата врз јужниот пристаништен град Мариупол, на брегот на Азовско Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ги чека вештачењата на веќе земените…

Обвинителството врши распити но и ги чека…

Евакуиран канадскиот парламент. Полицијата: Акцијата е во…

Како што јави Радио Канада, маж влегол…

Ледено невреме доаѓа кон Македонија: Се очекува…

Денешниот ден донесе вистинска пролет во Македонија…

Без промени на состојбата на повредените кои…

Кај 69 повредени во трагедијата во Кочани,…

Сопругата на Апасиев шокирана: Му отишла дома…

Му отишла дома полиција оти објавил дека…