Објавено на:

Русија и Украина разменија војници по третпат

t

Русија и Украина извршија трета размена на затвореници. Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук во изјава на Телеграм наведе дека третата размена на затвореници била извршена по наредба на претседателот Володимир Зеленски.

Во рамките на размената биле ослободени 26 Украинци, а Верешчук рече дека 12 војници и 14 цивили се вратиле во своите домови, јави Ројтерс.


„По наредба на претседателот Володимир Зеленски, денеска се случи третата размена на затвореници. Дванаесет наши војници, меѓу кои и еден офицер, се враќаат дома. Овозможивме и ослободување на 14 цивили, меѓу кои девет жени, вкупно 26 лица“, напиша Верешчук.

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова рече дека двете земји дозволиле возачите на камиони кои останале заробени во друга земја да се вратат.

Според новинската агенција ТАСС, Москалкова рече дека на 32 Руси и 20 Украинци им било дозволено да се вратат дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најава за нова војна: Руски сенатор вели…

Руски сенатор: Темата за денацификација на Европа…

“Шел” ги затвара сите бензински пумпи во…

"Шел" го напушта рускиот пазар! Британската нафтена…

Украинска пратеничка: Со купување на руска нафта…

Годинашниот Светски економски форум (СЕФ) ќе се…

(Видео) Гајнудин: Цел исламски свет очекува претседателот…

Целиот исламски свет очекува претседателот Владимир Путин…

You Tube ги отстранува каналите поврзани со…

„YouTube“ отстрани повеќе од 70.000 видеа и…