Објавено на:

Русија на готовност: Американски разурнувачи влегоа во Балтичкото море!

t

Американските ракетни разурнувачи „Доналд Кук“ и „Форест Шерман“ влегоа во водите на Балтичкото Море, соопшти Националниот центар за управување со одбраната на Русија.

„Силите и средствата на Балтичката флота почнаа да ги следат ракетните разурнувачи на американската морнарица „Доналд Кук“ и „Форест Шерман“, кои влегоа во водите на Балтичкото Море“, се вели во соопштението на Националниот центар.

На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош. Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како македонски политичари: Русија и Украина меѓусебно…

Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се…

Француски колумнист ги нарече властите аматери и…

Со воведувањето антируски санкции Европа се погоди…

Кисинџер: САД се на работ на војна…

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99)…

Подољак: Преговори со Русија би значеле пораз…

„Денешните преговори со Русија би значеле само…

Тие не се “непријатели” како нас: Гаспром…

Руската енергетска компанија „Газпром“ го зголеми протокот…