Објавено на:

Русија нема да им го прости ова: Ерменија сега е обврзана да апси руски обвинети за воени злосторства

t

Ерменскиот парламент на 3 октомври гласаше за ратификација на Римскиот статут на МКС со 60 парламентарни гласови „за“ и 20 против, пренесува ТАСС.

Ерменските опозициски фракции и партијата Имам чест, која ја бојкотираше расправата за ова прашање, се вратија во салата за седници и гласаа против, посочувајќи дека усвојувањето на документот нема врска со интересите на Ерменија туку со (пошироки) геополитички цели.

Официјална Москва го оцени пристапувањето на Ерменија кон Римскиот статут како апсолутно непријателски чекор.

Според заменик министерот за надворешни работи на Русија Михаил Галужин, МКС, кој пред извесно време издаде налози за апсење на претставници на највисокото руско раководство, нема никаква врска со правдата, туку „политизирана прозападна структура која извршува наредби за гонење на лица непожелни за Западот“.

Галужин рече дека овие налози за апсење се „апсолутно правно неважечки“.

Во меѓувреме, ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека официјален Ереван не ги менува векторите на својата надворешна политика.

Тој посочи дека прашањето за ратификација на Римскиот статут во никој случај не е насочено против Русија, бидејќи тоа било покренато пред МКС да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, Римскиот статут дава можност за регулирање на односите со одделни земји на билатерална основа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР уапси лице барано со потерница

Денес во 06.05 часот, полициски службеници од…

ДУИ: Институциите се заробени

Демократската унија за интеграција вели дека се…

Во Србија се прашуваат дали опозицијата му…

По масовниот протест одржан во Белград во…

27 преживеани, 40 загинаа во падот на…

Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти…

Тренчевска: Која е фактурата што ВМРО-ДПМНЕ ја…

– Која е фактурата што ДПМНЕ и…