Објавено на:

Русија обвинува: Украина создаваше нуклеарна бомба во Чернобил

t

– Повеќе руски медиуми денеска цитираат неименуван извор кој вели дека Украина е блиску до создавање нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум, иако изворот не наведува докази за ваквото тврдење, наведуваат британските медиуми.

Руските агенции Тасс, РИА и Интерфакс утринава цитираат руски „претставник на надлежно тело“ кој вели дека Украина развива нуклеарно оружје во уништената нуклеарна централа Чернобил, која беше затворена во 2000 година, пренесуваат британските медиуми. Украинската Влада соопшти дека нема намера повторно да се приклучи на нуклеарниот клуб, откако во 1994 година се откажа од своето нуклеарно оружје, по распадот на Советскиот Сојуз.


Непосредно пред инвазијата, Путин во говор исполнет со поплаки рече дека Украина го користи советското знаење за да создаде сопствено нуклеарно оружје и дека тоа е еднакво на подготовка за напад на Русија. Меѓутоа, тој не наведе докази за таквото свое тврдење.

Изјавата на претседателот Владимир Зеленски во Минхен дека Украина има намера да се приклучи на нуклеарните сили не е случајна – тоа можело да се случи во блиска иднина, изјави за Спутник претставник на еден од надлежните ресори на Русија.

Како што посочува, тие работи се интензивирале и добиле јасна практична ориентација во 2014 година, по премолчена наредба на Петро Порошенко, кој тогаш беше шеф на државата.

„Податоците со кои располага руската разузнавачка служба сведочат дека научно-истражувачките и развојните програми за изградба на нуклеарна експлозивна направа, која подоцна би можела да се користи во изградбата на нуклеарни боеви глави, биле спроведени во насока на користење на ураниум и плутониум. Украинската научна заедница има доволно компетенции да прави уреди и од типови „имплозивни“ и „топовски“, според изворот.

Според него, Киев би можел тајно да набави технологија за центрифугално збогатување ураниум и ласерско раздвојување на изотопи на Запад.

„Спроведувајќи програми и во нуклеарната и во ракетната сфера повеќе од две децении, Украина постојано се движи кон создавање на сите неопходни услови за производство на сопствено нуклеарно оружје“, вели неименуваиот извор за Спутник.

Како што рече, постигнати се „значителни резултати“ на полето на моделирање на нуклеарни верижни реакции, изолација на изотопи на фисилни материјали, како и на полето на проучување на металургијата на нуклеарните материјали.

„Според заклучокот на западните експерти, режимот во Киев бил најблиску до изработка на нуклеарна експлозивна направа базирана на плутониумод потрошеното нуклеарно гориво што се складирало на територијата на земјата. Украинските експерти би можеле да направат таков уред за неколку месеци. „Исклучително опасниот проект на Киев – „нуклеарна Украина“ може да стане реалност во многу блиска иднина“, рече изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…