Објавено на:

Русија повторно се заканува: Ќе има последици ако Финска и Шведска влезат во НАТО

t

Руското министерство за надворешни работи се закани со последици во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО пактот, јавува Франс прес.

Москва не наведе за какви точно последици станува збор. Русија неодамна се закани со „ребаланс на ситуацијата“ во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно се закани со „политички и воени последици“ ако двете земји се приклучат на воениот пакт.

Финската министерка за европски прашања денес кажа дека Финска „многу веројатно“ ќе се пријави за членство во НАТО, па додаде: „Изгледа дека народот во Финска донесе одлука“.

Шведскиот весник Дагбладет вчера објави дека Шведска ќе се пријави за членство во НАТО.

Целта на шведската премиерка Магдалене Андерсон е земјата уште оваа година да стане членка на НАТО, соопштиле упатени извори за Дагбладет. Шведска би требало да крајот на јуни оваа година да се пријави за членство во воениот пакт предводен од Вашингтон, објави весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ: Воздушна опасност низ…

Во Киев е прогласена воздушна тревога и…

Русија: САД побараа од Украина да ја…

Руската надворешна разузнавачка служба (SVR) соопшти дека…

Германците поддржуваат испраќање меѓународни сили во Украина,…

Поголемиот број Германци ја поддржуваат идејата за…

Северна Кореја тврди дека во Јужна Кореја…

Северна Кореја оцени денеска, по повод импичментот…

Судскиот совет избира наследник на Весна Дамева

Судскиот совет денеска на седница ќе избира…