Русија сепак била во право? ОДКБ изрази “голема загриженост” за опасност од хемиски тероризам

Земјите-членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) изразија длабока загриженост поради опасноста од хемиски тероризам, се наведува во заедничкото соопштение на земјите-членки на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Земјите-членки на ОДКБ, како одговорни држави членки на Конвенцијата за забрана на развој, производство, складирање и употреба на хемиско оружје и за нивно уништување, ја изразуваат својата длабока загриженост поради заканата од хемиски тероризам и нивната силна посветеност на свет без хемиско оружје“, се вели во соопштението.
Претходно Русија објави докази кои биле запленети од страна на војската од лабораторијата во Харков кои наведуваат на можноста во тие лаборатории да биле вршени истражувања за производство на биолошко оружје.
Русија изрази сериозна загриженост за можноста биолошкото оружје кое било истражувано да ја таргетира словенската или руската популација на планетата.
Украина и САД ги негираа ваквите обвинувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поранешен телохранител на Путин: Има патолошки…
Владимир Путин никогаш не користи мобилен телефон…
Украина тврди дека го убила командантот на…
Украинската армија денес тврдеше дека го убила…
Њу Јорк Тајмс: Првите тенкови Абрамс пристигнаа…
Првите тенкови Абрамс веќе пристигнаа во Украин…
Киев очекува дека САД, ЕУ и ММФ…
Украина очекува дека покрај воената помош, САД…
Разузнавачки извори на Сејмор Херш: Војната во…
Разузнавачки извори на Сејмор Херш му кажале…