Објавено на:

Русија: Смртна казна за заробените борци од полкот Азов?

t

Во руската Дума сѐ погласни се барањата за смртна казна за борците од украинскиот полк Азов. Какви се размислувањата за тоа во Германија и какви би биле евентуалните последици за Русија?

Повеќе од 1.700 украински војници кои ја бранеа челичарницата Азовстал во Мариупол од 16 мај беа одведени во руско заробеништво, соопшти руското Министерство за одбрана. Меѓу нив има и ранети, а некои од нив се пренесени на лекување во Новоазовск, област контролирана од самопрогласената „Народна Република Доњецк“.

Заменик министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, говореше за евакуација на војниците од челичарницата и увери дека тие ќе бидат вратени дома преку размена на заробеници. Претседателот Володимир Зеленски, исто така, изрази надеж дека ќе ги спаси животите на војниците. „На Украина ѝ се потребни живи украински херои“, нагласи тој.

Смртна казна за борците од полкот Азов?

Меѓутоа, руската страна не брза да преговара за размена на заробеници. Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, дури изјави дека затворениците, кои тој ги нарекува „нацистички криминалци“, не треба да ѝ бидат вратени на Украина. Врховниот суд на Руската Федерација на 26 мај планира да донесе одлука за класификација на полкот Азов како „терористичка организација“, а со тоа и за забрана во Русија. За претставката на руското државно обвинителство треба да се одлучува зад затворени врати.

Од своја страна, претседателот на Комисијата за меѓународни прашања во Думата и член на руската делегација на разговорите со Киев, Леонид Слуцкиј, предложи укинување на мораториумот на смртната казна, кој во Русија е во сила од 1996 година, конкретно за судскиот процес против војниците на полкот Азов. „На целиот свет треба да му се покаже дека украинските националисти заслужуваат само смртна казна“, се закани тој.

Меѓународно-правни гаранции

Според германскиот воен експерт и поранешен генерал на НАТО, Егон Рамс, осудувањето на украински затвореници на смртна казна во Русија би било јасно кршење на меѓународното право. „Војниците кои беа евакуирани од Мариупол, вклучително и ранетите, се воени заробеници. Тоа се заснова на Женевската конвенција од 1949 година. Кога ќе слушнам дека има пратеници на Думата кои одеднаш гласно велат дека ним им се заканува смртна казна, тогаш очигледно руските претставници уште еднаш погрешно ја толкуваат правната основа или пак почнуваат да вршат воено злосторство“, вели Рамс.

Женевската конвенција за постапување со воените заробеници беше донесена во август 1949 година. Членот 13 вели: „Со воените заробеници треба во секое време да се постапува со човечност. Секоја недозволена постапка или пропуст на државата која држи воени заробеници, кои како последица имаат смрт или сериозно загрозување на здравјето на воениот заробеник, се забранети и претставуваат сериозно прекршување на овој договор“.

Андреас фон Арнолд, продекан на правниот факултет на Универзитетот Кил, за ДВ изјави дека воените затвореници не смеат да се казнуваат за учество во конфликт, туку евентуално за воени злосторства. Тие имаат право на соодветно фер судење.

Извор: Дојче Веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…

Тешко е повредена жена во Битола, ја…

65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил…

(Видео) Мојсоска: Психопат тепа бремена жена на…

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска:…

(Видео) Протести против регионална депонија во Битола!

Граѓани од Битола, Могила и Новаци протестираат…

Експресно е приведен насилникот кој тепаше бремена…

На социјалните мрежи денеска се споделува видео…