Русија соопшти дека има целосна контрола на воздушниот простор на Украина

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија, пренесува Агенција Анадолија.
Во соопштението дадено од Mинистерството се нагласува дека руски војници ги контролираат и областите околу нуклеарната централа Запорожје, дека централата продолжува да работи и дека нивото на радиоактивност е нормално.
Меѓу другото, во соопштението се тврди дека од почетокот на нападот уништени се 1.114 воени постројки на Украина и дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија.
Исто така, се наведува дека под контрола на руската армија се и градовите Бердјанск и Енергодар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…
САД не престанува: Нови санкции за две…
САД денеска воведоа санкции за две руски…
Путин става крај на доминацијата на САД…
Путин создава геополитички проект кој ја прекинува…
(Видео) Русите направија “пепел”: Штаб на украинската…
Главниот штаб на украинската армија во Дњепропетровск…
Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…
Русија не само што ја мрази соседната…