Објавено на:

Русија со yлтимaтyм до HAТО: Алијансата до следната недела да одговopи дали ќе пpeстане да се шири кон Исток

t

Русија, која во 2014 година изверши анексија на украинскиот полуостров Крим, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон другите поранешни советски земји е „црвена линија” што не смее да се помине

Русија побара од НАТО да одговори до следната недела на нејзиното барање Алијансата да престане да се шири кон Исток, иако оттаму веќе ја отфрлија можноста да се согласат со тоа.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека барањата НАТО да не се шири или распоредува оружје во Украина и другите поранешни советски републики се клучни за напредокот во преговорите за украинската криза.

Тој додаде дека Москва нема да чека бесконечно и дека до следната недела очекува писмен одговор од САД и НАТО на нејзините барања, наведувајќи дека распоредувањето војници и оружје на НАТО во близина на руската граница е безбедносен предизвик што веднаш мора да се реши.

„Ни снемува трпение. Западот, воден од ароганција, ги зголеми тензиите со кршење на своите обврски и со потезите против здравиот разум“, рече Лавров.

Во екот на тензиите, што се зголемија откако Русија распореди околу 100 000 војници во близина на границата со Украина, оваа земја денеска беше погодена и од голем хакерски напад кој се урнати веб-страниците на неколку владини агенции.

Русија, која во 2014 година изверши анексија на украинскиот полуостров Крим, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон другите поранешни советски земји е „црвена линија” што не смее да се помине.

САД и нивните сојузници одлучно го отфрлија барањето на Москва за безбедносни гаранции за неширењето на НАТО, но двете страни се согласија да ја остават отворена вратата за натамошни разговори за контрола на оружјето и мерки за градење доверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците уништија клучен мост во руската област…

Украинските сили уништија стратешки важен мост на…

Вулин: Србија има политичка поддршка од Русија,…

Србија ја има политичката поддршка од Русија…

Борис Џонсон: Дозволете Киев да гаѓа цели…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, коментирајќи го…

Сирски го брифираше Зеленски: Денеска имаме напредок…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска учествуваше на…

Американски астронаути се заглавени во Вселената, Русија…

„Роскосмос“ и НАСА постојано се во контакт…