Објавено на:

Русија ќе ги напушти и Светската трговска организација и СЗО?

t

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

„Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат“, изјави Толстој.

Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.

Про-Кремљ партија Единствена Русија има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

Шојгу: Пропадна митот за западното “супер оружје”…

Западниот мит за „супероружје“ е уништен, изјави…

Путин: Русија високо ги цени своите сојузници…

Русија високо ги цени своите сојузници и…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

Централната банка на Русија почнува со етапно…

Централната банка на Русија откри дека започнала…