Објавено на:

Русија ќе плати оштета за штетите направени во Украина

t

Русија ги засили напорите да ја преземе контролата врз регионот Донбас во источна Украина, тврдејќи дека победила во битката за фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Последните украински сили заробени во Азовстал се предадоа, соопшти вчера вечер руското Министерство за одбрана.

Разорните напади го оставија цел Мариупол под урнатини. Постои загриженост дека во овој град загинале околу 20.000 луѓе.За Русија беше важно да ја преземе контролата врз Мариупол, град со излез на Азовското Море, за да воспостави копнен коридор со Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија треба да биде принудена да плати за секоја уништена куќа, училиште, болница и бизнис. Тој ги повика партнерите на Украина да ги замрзнат руските пари и имотот под нивна јурисдикција, и да ги искористат парите за формирање фонд за обештетување на настраданите.

„Ги повикуваме земјите партнери да потпишат мултилатерален договор и да воспостават механизам преку кој секој што настрадал од акциите на Русија ќе може да добие компензација за сите загуби. Според таков договор руските средства и имоти треба да бидат конфискувани или замрзнати, а потоа да се насочат во посебен фонд за жртвите на руската агресија”, изјави претседателот Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…