Објавено на:

Русија: Ќе се дозволи преку пристаништето во Одеса пренос на жито

t

Руската Влада планира да им дозволи на бродовите што превезуваат жито да го напуштат пристаништето Одеса, во Украина, со што ќе ја ублажи блокадата која предизвика страв од недостиг на храна и глад, пренесува ДПА.

Руските власти се договориле со Киев и Анкара за шема за ослободување на пратки со жито од Одеса, која беше под блокада, објавил провладиниот весник Известија, цитирајќи владини кругови.

– Во територијалните води на соседната земја, турските воени сили ќе го преземат деминирањето и тие исто така ќе ги придружуваат бродовите до неутрални води, се вели во денешниот извештај.

Руските воени бродови потоа ќе ги придружуваат бродовите што пренесуваат жито до Босфорот.

Овој чекор доаѓа откако цените на храната постојано се зголемуваат по војната на Москва против Украина што доведе до огромни турбуленции на светските пазари. Украина е еден од најголемите светски извозници на жито, а падот на нејзините испораки по руската инвазија тешко ги погоди африканските земји.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна го прими претседателот на Африканската унија и Сенегал, Меки Сал со кого разговараа за ова прашање, потсетува ДПА.

Додека Путин негираше дека Русија е одговорна за високите цени, тој рече дека е подготвен да ја олесни испораката на жито.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува во среда во Анкара на разговори за ова прашање. По разговорите, шемата за ослободување жито од Одеса треба да биде официјално одобрена, пишува весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Москва е подготвена на преговори со…

Москва е подготвена за преговори за решавање…

„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…

Вучиќ: Со Трамп мирот во Украина е…

Потребен е рационален пристап за да се…

Турски „Бајкар“ ја купи историската италијанска компанија…

Италијанските власти пред малку објавија дека највисокиот…

Турција е главен инвеститор во Албанија: За…

Турција остана прва на листата на странски…