Објавено на:

Руската амбасадорка до Бугарите: Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, кога стана збор за поделба на земјата

t

Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, изјави руската амбасадорка, Елеонора Митрофанова во нејзината реакција за иницијативата за отстранување на споменикот на советската армија во центарот на Софија.

– Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, зошто тогаш (по Втората светска војна) стана збор за поделба на Бугарија и само Советскиот сојуз не дозволи таа да се подели. Не само што СССР не даде таа да се подели, туку ѝ ја остави и добивката Добруџа. Поради тоа, колку и да се сложени односите, потребен е пообјективен поглед на историјата, изјави Митрофанова во интервју за Поглед.инфо.

Споменикот со посвета „на Советската армија – ослободителка од благодарниот бугарски народ“, по инвазијата од Русија врз Украина беше испишан со навреди за рускиот претседател Владимир Путин и бојосан во украинските бои.

По протестот од Москва, властите во Софија го исчистија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ не ги задоволи потребите за струја…

АД ЕСМ на 03.12.2022 година произведe 12.797…

Катастрофално е за тебе и за Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до…

Досега не можеа – Каевски: Преку планираниот…

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на…

Паника во САД и Јапонија: Не можат…

Вашингтон и Токио нема да можат да…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…