Руската армија почна со повлекување од Херсон во Украина

Руската армија денеска соопшти дека почнала да се повлекува од областа Херсон, каде што е во тек украинската контраофанзива против руските сили на југот на Украина.
Руските сили имаат намера да преминат на источниот брег на реката Дњепар.
„Единиците на рускиот контингент маневрираат кон позициите поставени на левиот (источниот) брег на реката Дњепар, во согласност со одобрениот план“, соопшти руското Министерство за одбрана. Тоа повлекување вклучува и напуштање на градот Херсон, единствениот регионален главен град што Кремљ го зазеде од крајот на февруари, кога почна офанзивата во Украина.
Главниот командант на украинската армија Валериј Залужни објави дека неговите сили во средата напреднале седум километри во областа, преземајќи ја контролата врз десетина села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО МУЗЕЈОТ…
Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има…
УХМР издаде метео предупредување: Невреме во Македонија!
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…
Битиќи: Да ја сфатиме потребата од преквалификација,…
Тие што сметаат дека нашата држава дава…
Министерот за правда чека амин од амбасадите:…
Поддршка имаме и сите се на став…
Џачка: Имаше спорадични случаи на бугарска асимилација…
Реална е можноста Албанија и Република Македонија…