Објавено на:

Руската армија уништи голема залиха на американско оружје и собори украински Су-25!

t

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската авијација вчера соборила украински авион Су-25, како и дека силите за воздушна одбрана собориле 14 непријателски беспилотни летала.

Според портпаролот на руското одделение за одбрана Игор Конашенков, украинскиот авион бил соборен за време на воздушна битка со руски авиони над градот Белицко во Народна Република Доњецк.


Тој рече и дека руската авијација во текот на денот гаѓала и 4 командни центри на украинската армија, 47 локации со персонал и воена опрема, а уништено е и едно складиште за муниција во близина на градот Дробишево.

„Како резултат на бомбардирањето беа уништени над 270 екстремисти, онеспособени се 52 единици воена опрема“, рече Конашенков.

Од друга страна, оружјето со висока прецизност погоди уште 3 командни центри, 8 магацини со муниција и оружје, а мета беа и 36 локации на кои се наоѓаше украинската армија и воена опрема.

Овие објекти беа лоцирани во регионот Николаев, во Народната република Луганск и Доњецк.

Конашенков рече и дека осум украински ракети истрелани од повеќецевниот ракетен систем „Смерч“ биле соборени во областа Харков и во областа Керсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија е поважна од топлото време: Граѓаните…

Toплото време не беше пречка стотици граѓани…

Поранешниот уредник на Телма се разбуди во…

Се чувствувам како лик од некоја мрачна…

Голема трагедија во Кавадарци: Работниците што загинаа…

Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

(Видео) Каков МАЈТАП: Дарко од Пука Козметика…

Познатиот рапер од Пука Козметика Дарко Масларковски…