Објавено на:

,,Руската инвазија на Украина влијае и на промената на илегалните патишта за шверц на дрога во Европа”

t

Руската инвазија на Украина влијае и на промената на илегалните патишта за шверц на дрога во Европа, предупреди Агенцијата за дрога на ЕУ.

Алексис Гуздел, директор на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога (EMCDDA), рече дека војната веќе имала „директно влијание“ на една од авганистанските патишта за шверц на хероин преку Украина и другите соседни земји.

„Трговците со дрога повеќе не се заинтересирани да продолжат да ја користат оваа рута“, рече тој на онлајн прес-конференција, додавајќи дека веќе има знаци на зголемена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија и Турција и Грција.

Гусдил рече дека конфликтот, исто така, ги принудил шверцерите кои го користеле Црното Море да се одлучат за други рути бидејќи некои поморски пристаништа неодамна биле надвор од нивниот дофат. Тој додаде дека верува оти трговијата низ грчките острови и јужниот дел на Медитеранот ќе се зголеми.

Во својот годишен извештај, ЕМЦДДА истакнува дека многу луѓе кои претрпеле тежок психолошки стрес за време на војната би можеле да станат посклони кон прибегнување кон и злоупотреба на штетни материи.

Исто така, предупредува дека здравствените услуги во европските земји, особено оние што се граничат со Украина, најверојатно ќе станат уште повеќе преоптоварени бидејќи зависниците од дрога кои бегаат од конфликтот ќе ги бараат нивните услуги и поддршка.

„Клучните барања веројатно ќе бидат континуитет на лекувањето, преведувачки услуги, сместување и социјална грижа“, се вели во извештајот, додавајќи дека дури и луѓето кои не биле зависни од дрога се изложени на ризик.

Агенцијата посочува дека тешката финансиска ситуација во Авганистан, кој е под контрола на талибанците од август минатата година, може да ја претвори заработката од дрога во значителен извор на приход, што може да резултира со зголемена трговија со хероин во Европа.

Во извештајот се вели и дека и покрај забраната за производство, продажба и трговија со недозволени дроги, одгледувањето афион во Авганистан продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Му пукнал филмот: Не му давале…

Вистинска драма како од холивудски филм се…

Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи…

Биле во автомобил, а соседот со пиштол…

На 09.08.2022 во 15.00 часот во Полициска…

Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана, секој…

Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им…

Се преземаат мерки за справување со мајмунските…

Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат…