Објавено на:

Рускиот амбасадор: БиХ не би требало да влезе во ЕУ

t

Амбасадорот на Русија во Босна и Херцеговина Игор Калабухов им сугерираше на граѓаните на таа земја дека би требало добро да размислат дали им е потребно членството во Европската Унија оценувајќи дека економскиот блок е „институционално и морално“ деградиран што на потенцијалните нови членки не им нуди ништо добро, а им го одзема суверенитетот.

Откако претходно го доведе во прашање правото на БиХ да се придружи на НАТО заканувајќи се со соодветен одговор на Москва на таквата постапка, Калабухов сега ја прошири кампањата и против ЕУ за која кажа дека спроведува неоимперијална политика кон државите кои не се членки.

Калабухов во авторски текст за весникот Глас Српске напиша дека санкциите наметнати против Русија поради агресијата на Украина се доказ дека Западот ги изгубил сите морални ориентири, па затоа Москва нема со кого да разговара за сегашната ситуација.

За Украина кажа дека по западен диктат е воспоставена „исклучиво како анти-Русија“, војната која руската војска ја води во таа земја ја нарече „вештачки конфликт“ предизвикан поради јакнењето на НАТО и неговото ширење на исток сè до границата со Русија која сега нема друг избор освен „да го изгаси тоа неонацистичко жариште“.

„Здружението Европска Унија е исто така деградирано, институционално и морално. Познато е дека денес, надвор од таканаречениот колективен Запад никој не се придружи на санкциите на Москва, но и во самата ЕУ расте незадоволството околу антируската хистерија која се наметнува од преку океанот и има далекусежни последици по земјите од ЕУ“, смета рускиот амбасадор и тврди дека Брисел кон Западниот Балкан се однесува уценувачки прогласувајќи го тој дел од континентот за зона на свои интереси, а истовремено пред неговите држави како критериуми за членство поставува услови кои тие не можат да ги исполнат.

За рускиот амбасадор тоа е доказ дека ЕУ води неопимперијална политика.

На граѓаните на БиХ им сугерираше дека затоа треба да заборават на европските стандарди и да се свртат кон сами себе, бидејќи, според него, европските институции кои се формирани за одржување на рамнотежа на интересите и обезбедување еднаква и неделива безбедност, нагло се претвораат во инструмент на одделни држави кои решиле дека самите можат да наметнуваат свои правила на остатокот од светот и самоволно да користат рестриктивни механизми за казнување на непокорните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашниот есап на пазар не излегува ама…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…

Струмица вечерва меѓу најзагадените градови во светот

Струмица вечерва е меѓу најзагадените градови во…

Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…

Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…