Руските власти уапсиле 60 приврзаници на украинско неонацистичко движење

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во акции спроведени во 23 региони низ Русија уапсила 60 приврзаници на украинска „неонацистичка“ организација, како и дека во акциите е запленето оружје.
ФСБ претходно ја има идентификувано наводната организација како М.К.У., а руската државна телевизија во декември соопшти дека кратенката значи „Манијаци. Култ на убиство“.
Според руските безбедносни служби, екстремистичката група е формирана од украинскиот државјанин Јегор Краснов, под патронат на разузавачките служби во Киев, со цел организирање и извршување терористички акти, убиства и екстремистички злосторства на руска територија.
Москва соопшти дека „денацификацијата“ е една од целите на нејзината воена операција во Украина, посочувајќи на големото влијание што го имаат антируските „нацисти“ во Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Морничаво: Град во Турција целосно срамнет со…
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според…
Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм…
Скопјанец е фатен како пренесува над половина…
Oва се новите цени: Горивата поевтинуваат од…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за…
Сали: Не знам кој ќе биде мојот…
Не знам кој ќе биде мојот наследник…
Преговорите со ЕУ ќе ги отстранат сите…
Денеска, во Брисел почна билатералниот скрининг-состанок за…