Руските воoружени сили онeспособија над 80 воени цели во Украина

t

Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина, откако го започна нападот и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.


Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало, соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина, рече тој.

FacebookTwitterCopy Link

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина има недостиг на лекари, бројот на…

Неколку дена по руската инвазија, Јарослав Бохак,…

Заменик министер од ДНР: Нема размена за…

Заменик министерот на ДНР: Нема размена на…

Најчитаниот британски весник: Русија планирала да ги…

Руските воени научници истражувале користење на мајмунски…

Германија ќе испорача 15 “Гепарди” во Украина

Германија во јули ќе и ги испорача…

Кремљ: Нема бесплатен гас за никој, или…

Русија нема да испорачува бесплатен природен гас…