Руските медиуми за протестите во Србија: Демонстрациите во Србија се претворија во политички, Вучиќ оди си

Учесниците на синоќешниот шести протест „Србија против насилството“ побараа оставка од министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и шефот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, пишува рускиот весник Краснаја Весна.
Протестот на кој присуствуваа неколку десетици илјади луѓе се одржа во близина на зградата на парламентот. Протестните акции започнаа во мај по трагедијата во училиштето во центарот на Белград.
Рускиот весник Краснаја Весна пишува дека опозицијата е организатор на митинзите и дека бараат затворање на некои медиуми, главно провладини. За време на протестите беше пуштен слоганот „Вучиќ, остака!“
Претходно амбасадорот на Русија во Србија, Александар Бочан-Карченко предупреди на намерите на опозицијата да изврши „Пуч на Мајдан“ во Србија.
Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, подоцна истакна дека САД сакаат да и помогнат на земјата да се сврти кон Запад, се заклучува во извештајот на овој руски медиум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…