Објавено на:

Руските ученици ќе учат да летаат со дронови на часовите за обука

t

Во руските училишта се воведува посебен модул посветен на технологиите за беспилотни летала и нивната примена за воени и индустриски цели, а предметното знаење ќе се стекне на часовите за обука за работа, рече заменик-министерката за образование, Татјана Василиева, пренесе БТА.

Големо внимание ќе се посвети на технологиите за беспилотни летала. Управувањето со дронови од хоби се претвори во барана индустрија, изјави заменик-министерот пред пратениците во руската Државна дума.

Василиева посочи дека способноста за управување со беспилотни летала е „поврзана со подготовка за воена служба и одбрана на татковината, како и технологии во земјоделството, транспортот, набавките и логистиката.

Претходно, претседателот Владимир Путин потпиша амандман на Законот за образование во Руската Федерација, со кој се предвидува часовите за работна обука да станат задолжителни од 1 септември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Македонската амбасада во Киев погодена во руски…

Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…

Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…