Руски бизнисмен нуди милион долари за главата на Путин

Рускиот бизнисмен Александар Конаникин (55) нуди награда од милион долари за главата на Путин, пишува германски „Билд“.
Тој на својата Фејсбук страница го „закачи“ ликот на Путин на плакат од Дивиот Запад со натпис „Баран жив или мртов“.
Но, објавата многу брзо беше избришана од Фејсбук, се наведува во соопштението на самиот Конаникин. Тој се сомнева и дека причина за тоа е натписот на плакатот „Жив или мртов“.
Еден милион долари – дали оваа сума пари може да поттикне еден или повеќе полицајци да го уапсат Путин и на тој начин на крајот да ја прекинат војната против Украина? Тешко е да се каже, бидејќи владеењето на Путин, меѓу другото, се заснова и на климата на страв од одмазда, пишува „Билд“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…