Објавено на:

Руски пратеник за украинските заробеници: Животни во човечки облик кои не заслужуваат да живеат

t

Украина ја обвини Русија за измама откако рускиот парламент соопшти дека ќе го повлече договорот за размена на воени заробеници за припадници на украинската армија.

Претходно оваа недела, Москва се согласи да размени стотици членови на Азов кои беа во фабриката за челик.

Меѓутоа, рускиот парламент сега најави дека денеска ќе гласа за резолуција за „спречување на размена на нацистички воени злосторници“, а некои пратеници бараат ликвидација на членовите на баталјонот Азов, пишува „Дејли мејл“.

Украина, од друга страна, вели дека ќе ги замени своите сили за руски воени заробеници.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар ги отфрли заканите, велејќи дека тоа е „внатрешна пропаганда“, инсистирајќи дека ќе има размена на затвореници.

Експертите го нарекоа потегот на Русија „неправеден“, велејќи дека тоа би можело да го спречи обидот на Украина да ослободи 600 војници, од кои некои се уште се во фабриката за челик. Украинската армија побара од нив да се предадат во вторник.

Владислав Давидзон, експерт за Русија, смета дека промената на законот може да ја наруши секоја размена на затвореници.

Најмалку 250 борци беа евакуирани во понеделникот, а некои од нив беа тешко ранети. Хана Малиар рече дека Киев знае колку војници се уште има во фабриката, но не сакаат да ја откријат таа бројка. Синоќа седум автобуси со непознат број украински војници ја напуштија фабриката. Сепак, сите тие беа пренесени на украинска територија под руска контрола.

Од друга страна, претседателот на рускиот парламент во вторникот се изјасни против размената на сите затвореници, мислејќи пред се на оние од Мариупол.

„Нацистичките криминалци не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме се за да ги изведеме пред лицето на правдата“, рече Вјачеслав Володин за време на пленарната седница.

Володин рече дека Русија прави се за да им обезбеди здравствена заштита на ранетите украински затвореници и да се постапува на хуман начин кон нив.

„Но, што се однесува до нацистите, нашиот став останува цврст, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција“, рече тој.

„Тие не заслужуваат да живеат“

Пратеникот Леонид Слуцки, кој учествуваше во мировните преговори со Украина, ги нарече евакуираните војници „животни во човечки облик“ и рече дека верува оти тие треба да бидат осудени на смрт.

„Тие не заслужуваат да живеат затоа што извршија монструозни злосторства против човештвото“, рече тој.

Во синоќешното соопштение, руските обвинители ветија дека ќе ги испрашуваат украинските борци за да ги идентификуваат и да утврдат дали извршиле злосторства врз цивили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…

И МЗ се огласи за мајмунските сипаници…

Од Институтот за јавно здравје сме информирани…

Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата…

Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна…

Медведев: Има нуклеарки и во ЕУ, и…

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати скриена…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Свети Евдоким Роден во Кападокија од благочестиви…