Руски фудбалер два месеци спие на аеродром – избега од мобилизација, ама Ј. Кореа не го прима!

t

Малку познатиот руски фудбалер Џашар Хубиев (31), кој во кариерата досега играл за низа клубови од пониските лиги во најголемата држава на светот Русија, не сакал да биде мобилизиран за војната во Украина и избегал во Јужна Кореја, ама таму не добива статус на бегалец.

Хубиев веќе два месеци спие на аеродромот во Инчеон, каде допатувал заедно со уште двајца Руси. Со надеж дека Ј. Кореја ќе им даде статус на бегалци и ќе ги прими во својата земја, што не се случува зашто властите одбиваат тоа да го направат.

„Кореа Тајмс“ објави дека министерството за правосудство на Ј. Кореа не им дозволува статус на бегалци на Русите, меѓу нив и на фудбалерот, зашто избегнување на воен рок не е доволна причина за такво нешто, макар и среде војна. Ј. Кореја има задолжителен воен рок од кој не е изземен никој, освен најголемите јавни личности и тоа под услов да остварат голем успех со што би минале само кратка задолжителна обука.

„Руските власти ме прогонуваат, јас не ни влегувам во тој дел за мобилизација, ама. Во ноември ми дојдоа дома и ме натераа да потпишам документ дека ќе се сметам за десертер ако не одам во војска. А, два дена претходно во Макиевка, на истокот на Украина се убиени безмалку 400 руски војници. Двајца од нив ми беа пријатели. Сѐ уште сум во шок“, рекол Хубиев за корејските медиуми.

Медиумите во Кореа извршија притисок врз министерството да им дозволи влез на Русите, зашто ова не е избегнување на воен рок, туку избегнување да одат во војна, па за крајот на месецов е закажано сослушување по кое треба да се реши дали ќе добијат азил.

„Тие ги имаат сите предуслови за добивање азил според сите меѓународни стандарди. Министерството треба да биде свесно за тоа. Не е иста класификација одбегнување на воен рок во мирнодопски и во воени услови“, пишува „Кореа Тајмс“.

Извор: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тепиќ: Брнабиќ,Вучевиќ и Глишиќ кога видоа густо,…

„Одлучното мнозинство наспроти малцинството кое го оставија…

Дачиќ: Повеќе луѓе се повредени во Ниш-две…

Потпретседателот на Владата и Министер за внатрешни…

13 ГОДИНИ НЕМАМ ПОЧУВСТВУВАНО ВАКОВ БЕС- Вучиќ…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи…

Оваа жена била напуштена од родителите веднаш…

Оваа жена била напуштена од родителите веднаш…

Возач од Крушопек удрил 12-годишно девојче на…

39-годишен возач од скопското село Крушопек е…