Русковска суспендирана: Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.
Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител.
Инфомакс дознава дека меѓу суспендираните е Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Покрај Русковска неофицјиално покрената е дисциплинска постапка против Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска поради претресот во Финансиската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓанин му пиша на министерот Андоновски: Кој…
Граѓанин на Твитер (Х) му пиша на…
Mеморијален марш за Благојче Илијевски, кој почина…
На 30 март ќе се одржи вториот…
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Првиот на браникот ја дувна: Милорад Додик…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти…
Го жртвуваше својот за да спаси туѓи…
Павел Христов, роден 2004 година, е уште…