Руското министерство за одбрана потврди дека брод Москва е „тешко оштетен“

Рускиот крстосувачки брод Москва е „тешко оштетен“ во пожар предизвикан од експлозија на муниција, соопшти вчера Министерството за одбрана.
Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското Министерство за одбрана не наведе каде се случил инцидентот.
Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот Москва е предизвикан од ракетен напад.
Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко изјави дека „ракетите од Нептун кои го штитат Црното Море предизвикале голема штета на тој руски брод“.
Бродот Москва учествуваше во првите денови од инвазијата врз Украина и во нападот на Островот на змиите во Црното Море, при што беа заробени 19 припадници на украинската морнарица кои подоцна беа разменети за руски затвореници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вака прави НАРОД: Над 600.000 демонстранти на…
Над 600.000 демонстранти маршираат против најавената судска…
Познатиот фудбалер во затвор дели автограми во…
Дани Алвеш моментално е во затвор поради…
Привремено затворен преминот Неготино поради работа на…
Патниот премин Неготино времено ќе биде затворен…
(Видео) РЕКА ОД НАРОД: Израелската армија го…
Израелските одбранбени сили го подигнаа нивото на…
РКЕ утре ќе носи одлука за нови…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…