Руското министерство за одбрана соопштува: Еве што се е уништено од почетокот на воената операција

Во брифинг на Министерството за одбрана на Руската Федерација соопштува за бројот на уништени воени цели и воена опрема од почетокот на операцијата во Украина.
▪️Од почетокот на специјалната операција, вооружените сили на Руската Федерација уништија 538 беспилотни летала и 2.471 оклопни возило на вооружените сили на Украина;
▪️Вооружените сили на Русија погодија 11 воени објекти на Украина со високопрецизни воздушни ракети, уништени се до две чети на припадници на вооружените сили на Украина;
▪️Авијацијата на руските воздухопловно-космички сили во текот на ноќта погоди 66 воени објекти на Украина, вклучително и три магацини со ракетно и артилериско оружје;
▪️Руски системи за противвоздушна одбрана соборија авион Су-25 на украинските воздухопловни сили во регионот Харков;
▪️Комплексот Панцир-С на Руската Федерација собори два тактички проектили Точка-У и три гранати испукани од повеќецевниот ракетен систем на Вооружените сили на Украина;
▪️Вооружените сили на Руската Федерација уништија три украински хеликоптери Ми-8 на локација кај селото Чугуев;
▪️Артилеријата на Руската Федерација во текот на ноќта погоди 919 упоришта и области на акумулација на украински војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата
Владата денеска треба да ги замрзне цените…
Обвинет и роднина на еден од загинатите…
Со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството…
Во затворот Идризово откриен тунел за бегство
Рано утрово затворската полиција во затворот во…
Игор Џамбазов се прости од Мешковски: Ме…
Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина…
И покрај налогот за апсење, Путин ќе…
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по…