Руте од Тирана: Зборував со Вучиќ, ќе помогнеме да се намалат тензиите меѓу Косово и Србија

t

Холандскиот премиер Марк Руте упати порака пред почетокот на самитот на Берлинскиот процес што се одржува денеска во Тирана.

По средбата со Рама и фотографирањето, Руте ги повика сите земји да соработуваат за да помогнат во намалувањето на тензиите меѓу Косово и Србија.

– Зборував со (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, денеска имам можност да разговарам и со премиерката на Србија и со премиерот на Косово. Се надевам дека сите ќе помогнат да се намалат тензиите. Многу се ангажираме да се подобри состојбата на северот на Косово, рече Руте.

Ладна средба меѓу Рама и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој во куса изјава рече дека со Рама ќе разговара за градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е во притвор.

-Ќе разговарам со премиерот Еди Рама и ќе побарам да се дозволи Фреди Белери да даде заклетва како градоначалник, рече Мицотакис.

Она што беше забележано од приемот на премиерот Рама е и недоволната комуникација со косовскиот премиер Албин Курти и со српската премиерка Ана Брнабиќ, со кои имаше само ракувања и официјални фотографии, наспроти срдечните средби со другите гости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последни пратенички прашања за годинава

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница,…

Кочоска: Се прекинуваат неколку наследени проекти

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва…

Во затвор во Мозамбик 33 мртви и…

Во бунт во затвор во главниот град…

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…