Објавено на:

Рakeтирана американска вoeна бaзa во Ирак на годишнината од yбиcтвoтo на генерал Сулејмани

t

Ракета истрелана од системот Кајуша денеска ја погоди ирачката воена база во која се сместени американски војници на меѓународниот аеродром во Багдад.

Во тој напад, трет во последните три дена, по годишнината од нападот со американско беспилотно летало во кој пред две години во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани, немаше жртви или материјална штета, пренесува Танјуг.


Во соопштението на ирачката војска се вели дека ракетниот фрлач со кој е извршен нападот се наоѓа во станбена област во западниот дел на Багдад, во област која некогаш ја користеле милициите поддржани од Иран за ракетирање на аеродромот.

Две вооружени беспилотни летала беа соборени во понеделникот, а вчера беа насочени два дрона наполнети со експлозив, чија цел беше ирачката воена база во која се наоѓаат американски војници во западната провинција Анбар.

Во нападот со американско беспилотно летало на аеродромот во Багдад во 2020 година беа убиени командантот на Кудс, иранските елитни сили, генерал Касим Сулејмани и Абу Махди ал-Мухандис, заменик командант на ирачките милиции кои го поддржуваат Техеран познати како Сили за народна мобилизација.

Проиранските шиитски фракции во Ирак ветија одмазда за убиствата и рекоа дека ќе ги запрат нападите кога ќе заврши американското присуство во Ирак.

Коалицијата предводена од САД и официјално ја заврши својата мисија за воена поддршка на ирачките сили во борбата против Исламската држава минатиот месец. Сепак, околу 2.500 војници ќе останат во Ирак како воена советодавна мисија која ќе продолжи да им помага на ирачките сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британци физички нападнале охриѓанец – Полицијата ги…

Двајца млади британски државјани се уапсени во…

Најмалку тројца загинати при уривање на трговски…

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од…

(Фото) Застрелан полковник на Исламска револуционерна гарда…

Припадник на силите Кудс на Корпусот на…

Во одвоени случаи нападнати тројца малолетници во…

Две малолетнички и еден малолетник во три…

Руски медиуми предупредуваат: Израел се подготвува за…

Израел се подготвува за војна со Иран.…